Сергеј Станишев и Владимир Путин на штандот на бугарската IT индустрија |
|
|
|
|
Бугарскиот премиер Сергеј Станишев, заедно со премиерот на Русија Владимир Путин и градоначалникот на Москва Јуриј Лужков го посетија штандот на бугарската IT индустрија на Бугарската национална трговско-индустриска изложба, која се одржа во комплексот "Гостиный двор" во Москва. На саемот ОРАК Инженеринг е претставувана од својата московска филијала.
Националната изложба во Москва e најголемото во моментот представување на извозниот потенцијал на Бугарија во странство, промовираќи го развојот на трговските и економските врски и партнерства во бизнис заедницата на двете земји. Бугарија e претставена како полноправна членка на ЕУ и сигурен партнер, кој нуди конкурентни производи и услуги, кои ги исполнуваат високите европски и светски барања за квалитет. На изложбата се претставени по бранша бугарски фирми, како и владини и невладини организации.
|