ОРАК Инженеринг на годишната партнерска конференција на Microsoft |
|
|
|
|
ОРАК Инженеринг повторно ќе учествува на годишната партнерска конференција на Microsoft. За разлика од претходните години, оваа година за првпат ОРАК учествува како сертифициран партнер. Во почетокот на годината компанијата ги исполни барањата за ниво Certified Partner, а во моментов до неколку дена се очекува и преминувањето на наредното и највисоко ниво - Gold Certified Partner. Оваа година светската конференција на Microsoft ќе се одржи во периодот од 13-16 Јули во New Orleans. За време на настанот одбрани партнери од целиот свет, вклучувајќи и ОРАК Инженеринг, ќе разговараат за трендовите во глобалниот пазар и иновациите.
|